Македонија
3. November 2019 - 16:30

Казнени поени во возачките книшки ќе може да се внесуваат до стапување на сила на законските измени

Впишувањето поени во возачките книшки ќе важи се до стапување во сила на новите законски измени, по што тие ќе се укинат. Прекршоците нема да може да се компензираат со поени, но се намалува висината на ситните прекршоци.

Промена има и во правилата за електричните тротинети. Деца помали од 14 години нема да смеат да ги возат. Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот го поздравува вметнувањето на електротротинетите во законот.

Велосипедистите велат дека новите правила само ќе донесат поголем хаос на малкуте велосипедски патеки во Скопје.

Денеска во главниот град се одржа традиционалниот „Скопје на точак“. Организаторите велат дека целта е велосипедот да се промовира како превозно средство.

Велосипедистите се жалат дека главниот град нема инфраструктура за користење на велосипедите како превозно средство.

Само вчера во Скопје казнети биле околу 150 возачи поради пречекорување на брзината, возење во алкохолизирана состојба и останати прекршоци.