Казнен налог од 2.000 евра за охриѓанка за непочитување на самоизолација
Основното јавно обвинителство – Охрид, до надлежниот суд достави предлог за изрекување казна во висина од 2.000 евра за охриѓанка, која не спровела задолжителна самоизолација по враќање од странство.
– Обвинетата на 18 март, допатувала од Швајцарија-земја со високо ниво на ризик. Иако, на граничниот премин Меѓународен Аеродром-Скопје потпишала изјава, постапила спротивно на наредбата на Министерот за здравство и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерки за спречување на внесување и ширење на корона ворусот- КОВИД-19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегла од своето престојувалиште и се упатила во непознат правец. На 20 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, обвинетата не била пронајдена во престојувалиштето со што го сторила кривичното дело што и се става на товар, информираат од ОЈО.
Обвинителството, му предложи на судот на обвинетата да и биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра за една дневна глоба, односно вкупно 2.000 евра и да ја задолжи со трошоците на постапката.
Обвинетата се товари за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во чл. 206 ст. 1 од Кривичен законик.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство