Фудбал
20. August 2017 - 16:37

Казна за Гризман од четири натпревари ?

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман не ја започна новата сезона според очекувањата, напротив веќе на првиот дуел беше исклучен и сега се соочува со суспензија.
 
Французинот синоќа на дуелот со Џирона најпшрво доби жолт картон поради симулирање, а судиската одлука реагираше неспортски по што доби и втор жолт картон или автоматски црвен и исклучување.
 
Главниот судија Мартинез во службениот записник навел дека Гризан му рекол „ти си го.но“ поради што веднаш му го покажал патот кон облекувалната.
 
Според пишувањата во шпанските медиуми, Гризман го очекува суспензија од четири натпревари.