Loading Video...
Спорт плус
5. February 2018 - 14:10

Кавраци повторно домаќин на кошаркарскиот Купот на Македонија

И годинашното издание на кошаркарскиот Куп на Македонија, како и лани, ќе се одржи во салата „Јасмин“ во Кавадарци, информираа од Македонската кошаркарска федерација.

Според пропозициите и пласманот по 11-те одиграни кола во прволигашката конкуренција, познати се и двојките за четвртфиналето во машка конкуренција. 

Бранителот на трофејот Карпош Соколи сега ќе биде аутсајдер во дуелот со  Работнички, кој доколку го потврди фаворитскиот статус во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Куманово – Гостивар. 

Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат победниците од четвртфиналните средби меѓу  Блокотехна – АВ Охрид и МЗТ Скопје – Фени Индустри

Кај дамите бранителот на трофејот Вардар за противник ќе го има Пелистер додека шампионот Бадел ќе игра против Струга. 

Завршните натпревари од Купот на Македонија ќе се играат од 16 до 18 февруари.