Македонија
2. May 2016 - 15:32

Кавани ги збуни велешани, помина една ноќ во Велес

Ургуваецот пред два дена слетал на скопскиот аеродром „Александар Велики“ со својот постар полубрат и двајца пријатели. Од саботата наутро до денеска попладне престојуваше во хотелот „Гарденија“ во друштво на неговиот постар полубрат и уште двајца пријатели.

-Од она што дознавме е дека дури ни вработените во хотелот на „Гарденија“ не знаеле дека уругвајскиот репрезентативец и фудблаер на ПСЖ ќе биде гостин, објавува Македонски спорт.

Фудбалската ѕвезда вредна 65 милиони евра ја откриле добрите познавачи на фудбалот.  Кавани немал посебни барања, а по денешното напуштање на Велес, тој се упатил во Бугарија. Во неговата експедиција имало една Бугарка која добро го познавала и македонскиот јазик.

kavani-4

Кавани на својот фејсбук профил сподели неколку слики, но не откри каде точно се наоѓа…Дека сакал да биде незабележан говори и локацијата на хотелот, кој се наоѓа надвор од градот.

Кои биле желбите на Кавани и кои македонски специјалитети ги пробал може да прочитате во утрешното печатено издание на „Македонски спорт“.

kavani-2

kavani-1