Кавадаречките уметници се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на поплавените

Кавадаречките уметници се вклучуваат во хуманитарната акција за помош на поплавените. Како што информираше денеска Владимир Темков, директор на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, Кавадарци се вклучува во хуманата мисија на Министерството за култура на Република Македонија, за помош на населението од подрачјата погодени од природната непогода.
- Преку аукција на уметнички дела својата хуманост ќе ја искажат ликовните уметници кои ќе бидат дел од најголемата ликовна колонија „Кавадарци 2016“, која од 19 до 27 август ќе се оддржи во хотелот „Уни Палас 2“ во Кавадарци, соопшти Темков.
Сите учесници на колонијата која е во организација на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а е финансиски поддржана од градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, ќе ги отстапат сите дела кои ќе бидат создадени, за да бидат дел од аукциска продажба. Сите собрани средства ќе бидат донирани на семејствата од поплавените подрачја.
Дополнително, финансии ќе се донираат и на џез фестивалот кој годинава е во рамки на ликовната колонија „Кавадарци 2016“.
Ново на Сител
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
