Кавадарци целосно го решава проблемот со капацитет за сместување деца во градинка

Кавадарци целосно го решава проблемот со капацитет за сместување деца во градинка. Годинава, на листата на чекање беа 485 дечиња и сите беа примени во градинка, информира денеска градоначалникот Митко Јанчев.
На листата на чекање, посочи, остануваат само дечињата кои се родени годинава и немаат полни девет месеци и дечињата од село Возарци кои ќе бидат примени кога ќе се заврши реконструкцијата на занималната со капацитет за 30 деца, а се очекува да биде готова во октомври годинава.
Еден од капиталните проекти на општина Кавадарци, како што рече, заедно со Министерството за труд и социјална политика и Владата, е изградбата на нова градинка, која ќе заврши во 2020 година со капацитет за 180 деца.
– Овој голем проблем конечно е решен во нашата општина, а со изградбата на новата градинка ќе се реши долгорочно. Малиот, незначителен процент на невработеност во Кавадарци, економскиот развој, интензивното модернизирање на инфраструктурата и движењето на нашата општина во правецкој значи прогресивен напредок, повлекуваат и обезбедување услови за развој на младите и згрижување на децата во поголем број, односно потреба за поголем капацитет, нагласи Јанчев.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
