Македонија
24. April 2021 - 17:03

Кавадарчанка пријавила дека 26-годишник се обидел да ја силува нејзината малолетна ќерка

Четириесетгодишна кавадарчанка вчера пријавила во полиција дека 26-годишен ваташанец се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Како што попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, ќе биде поднесена  соодветна пријава.