Македонија
2. October 2018 - 10:28

Кавадарчанка (69) починала поради труење

Шеесет и деветгодишна кавадарчанка починала синоќа поради труење, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

- Синоќа околу 18 часот во ПС ОН Кавадарци од ЈЗУ Општа болница - Кавадарци, пријавено било дека била донесена жителка од Кавадарци со видливи знаци на труење. Поради сериозноста  на здравствената состојба, жената била препратена   во Клинички  центар Скопје каде починала, појасни Додевски.