Кавадарчанец жртва на измама, дал шест илјади евра за ќерка му да не оди во затвор поради сообраќајка
Во Полициската станица Кавадарци вчера 69-годишен кавадарчанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6.000 евра, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
-Според пријавеното, околу 12.00 часот на домашниот телефон му се јавило лицето и го известило дека неговата ќерка во САД направила сообраќајна незгода во која загинало седумгодишно дете и за да ја спаси да не оди во затвор, му побарало 100.000 долари. Според пријавата, 69-годишникот го известил дека има само 6.000 евра кои треба да ги извади од банкарска сметка. Како што било пријавено, откако ги дал парите, лицето заминало и после тоа не му се јавило, појасни Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА дознава дека во текот на денешниот ден, во Кавадарци имало три неуспешни обиди за ваков вид на измама. Од полицијата повикуваат на внимателност, со цел да не се случуваат вакви и слични измами. Истовремено, апелираат за сите сомнителни случаи, да се пријави на бројот 192.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање