Македонија
23. September 2020 - 11:16

Кавадарчанец пријавил физички напад од 20-годишно лице

Кавадарчанец вчера пријавил физички напад од 20-годишно лице. За ова денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

-Во Полициската станица Кавадарци, 26-годишниот  Р.Т. пријавил дека на 20 септември околу 01.10 часот бил физички нападнат од И.А.(20) од Кавадарци, појасни Додевски.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.