Македонија
21. July 2020 - 10:59

Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од две лица

Во Полициската станица во Кавадарци изутрината во 3 часот, кавадарчанецот Б.П.(36) пријавил дека на ул.„Страшо Пинџур“ во градот бил физички нападнат од две лица, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.