Македонија
13. July 2020 - 9:56

Кавадарчанец бил нападнат во казино, кавадарчанка нападната од сопругот пред казино

Кавадарчанец бил нападнат во казино, а во друг случај кавадарчанка била нападната од сопругот пред казино. За двата настана викендов, денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во саботата во 23:45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека  кавадарчанецот Б.Н.(38),  во казино во градот  бил физички нападнат од сограѓанинот О.Н,  појасни Додевски.

Претходно, околу 16 часот,  пред казино во Кавадарци, А.Н.(46) била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Н.(63).

По целосно документирање на случаите, ке бидат  поднесени соодветни  пријави.