Катругалос: Топката е на теренот на соседите за ерга омнес и уставна ревизија
Двете прашања што се останати за решавање се ерга омнес и ревизија на Уставот, и тие се од суштинско значење за Грција, а другата страна треба да направи отстапки, вели алтернатвниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио ФМ“, пренесе АНА-МПА.
- Станува збор за прашања што не се мали, за кои Скопје, за сега инсистира. Топката е на нивниот терен, вели Катругалос, додавајќи дека овие две прашања за Грција се од суштинско значење и предуслов за да постои решение и порачува дека „другата страна треба да ја направи неопходната отстапка“.
Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш го повтори неговиот став дека ерга омнес е потребно за да не се остават „опашки“ во иднина.
- Сакаме ерга омнес за да не постојат опашки што може да создадат идни перспективи на иредентизам и сакаме ревизија на Уставот за решението да е трајно, па според тоа и двете прашања се неопходни, објасни Катругалос во интервјуто за грчкото радио.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада