Катругалос: Има напредок, топката е на теренот на другата страна
Умерен оптимист како и досега е алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во однос на перспективите за постигнување решение на прашањето за името.
Катругалос, во интервју за грчката ТВ Скај, вели дека топката е на македонска страна, затоа што на Грција не ѝ се брза за решение, ниту има притисоци, ниту потреба од забрзување на процесот.
- Во однос на тоа дали може да се очекува решение, јас и понатаму сум, како што бев и на почеток, умерен оптимист дека постои прозорец за можност, а постои и соодветен напредок за доста од прашања што беа поставени од почеток. Топката, во суштина е на теренот на другата страна. Ние, имаме национален интерес да се реши, но немаме некој особен притисок. Ние не сме нетрпеливи да се реши, вели Катругалос, потенцирајќи дека сепак за Атина е важно да има решение.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, вели дека промената на Уставот е дел од решението, „не може да постои решение без тоа и тоа е прашање за кое другата страна има друг став“.
-Сакаме да се регулираат сите прашања преку еден Меѓународен договор, ова беше и нашиот првичен став, но и прашањето за ревизија на Уставот. Затоа што сакаме да се исфрлат сите прашања поврзани со иредентизмот, да имаме целокупно решение, што ќе се имплементира за сите, ерга омнес, но сакаме да има и трајни карактеристики, а тоа може да го обезбеди само промена на Уставот, објасни Катругалос.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово