-->
-->
Катругалос: Договорот од Преспа ќе донесе и економски придобивки за двете земји
-->
Договорот од Преспа е корисен и за двете земји и со помош на европските програми ќе донесе и економски придобивки, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на денешниот брифинг со новинарите, одговарјќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
- Овој Договор со Северна Македонија, сметаме дека е национално корисен за нас и заемно корисен и за двете земји. Во областа на моите надлежности, економската дипломатија, веќе разговараме како би можеле да имаме програми за поддршка на инфраструктурите и на границите. Регионот на Преспа е навистина преубав, го немав посетено во минатото. Размислуваме итно да искористиме капитали од програмата Интерег за да можеме да имаме еден опиплив резултат, дека решението има резултат во пракса и на економско ниво, рече Катругалос.
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, додаде дека во иднина двете земји ќе треба да ги разгледаат прашањата што се однесуваат на економските страни на Договорот, како што е случајот со производите. Катругалос, кој е надлежен за економска дипломатија и европски прашања, изрази надеж дека со текот на времето ќе бидат видливи и економските придобивки за двете земји.
- Милам дека како што поминува времето, особено во Северна Грција ќе се покажат не само стратешките и геополитичките придобивките од Договорот, што обезбедуваат стабилоност на Балканот, ова е секако е важно за нас, туку и економските придобивки што ќе ги има Северна Грција од развојот на соработката со Северна Македонија, а исто така и обратно, придобивките што ќе ги има оваа земја од соработката со нас, рече Катругалос во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на придобивките од Договорот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово