Џет-Сет
5. March 2018 - 15:24

Катја си дојде дома: Наташа Беквалац со сопругот излезе насмеана од болница

Пејачката Наташа Беквалац денеска ја напушти приватната клиника во која се породи на 28. февруари и на свет ја донесе ќеркичката Катја.

Наташа од болница излезе во придружба на сопругот Лука Лазукиќ, а можеше да се види дека е многу расположена.

Да потсетиме, на пејачката ова и е второ дете, а од бракот со Данило Икодиновиќ веќе има ќерка Хана.

Наташа и Лука се венчаа минатото лето на Ибица.