Катимерини: Споменикот на Александар Македонски согласно договорот се сели во Солун
Спомениците на Александар Македонски и Филип II, кои се наоѓаат во центарот на Скопје, ќе бидат преместени во Солун, согласно договорот постигнат меѓу премиерите на двете земји, пишува грчкиот дневен весник „Катимерини“.
Како што наведува весникот, договорот предвидува спомениците на антички херои да бидат преселени во Солун, или пак Македонија ќе биде обврзана да им постави плочки на кои ќе стои објаснување дека се работи за симболи на грчката култура.
„Нашите соседи веќе го сменија името на аеродромот, нивниот автопат и нивниот стадион. Ќе има размена на споменици со Општина Солун или ако размената не се одвива, договорот предвидува дека соседната земја ќе има плакети на статуите и споменици за да стане јасно дека тие се симболи на грчката култура (на пр. Скопски плоштад ќе има натпис дека се однесува на хеленистичкиот период и ќе биде обележан како симбол на пријателството на Грција – Македонија)“, пишува „Катимерини“ како една од точките на договорот.
://nezavisen.mk
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот