Македонија
17. February 2018 - 11:22

„Катимерини“: Преговорите влегуваат во непознати води

Пред крајот на месецов грчкиот Парламент ќе ја ратификува втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ, а веднаш потоа Грција ќе ја поддржи нашата кандидатура за членство во Јадранско- Јонската иницијатива, пишува „Катимерини“, во однос на реализацијата на отстапките за кои се договорија Заев и Ципрас, во Давос.

Весникот додава дека промената на имињата на автопатот и аеродромот, веќе се објавени во „Службен весник“, а „преименувањата можеби веќе следната седмица да го однесат Коѕијас од Атина за Скопје, со лет, прв од таков вид по речиси 12 години“.

Во денешната анализа под наслов „Чести контакти, но без договор за тешките прашања“, весникот ги анализира последните случувања во македонско – грчките односи, јавува дописникот на МИА од Атина.

- Преговорите меѓу Скопје и Атина за разликите околу името влегуваат во непознати води, бидејќи разговорите меѓу двајцата министри за надворешни работи имаат доста напреднато, пронаоѓајќи одговори само за некои од прашањата за кои што се разговара, пишува „Катимерини“ во анализата, а како трнливи точки во разговорите ги споменува името, идентитетот и Уставот.

- Се чини дека јазикот и идентитетот се најтешките точки за соседната земја. Господата Заев и Димитров, постојано зборуваа за потребата за почитување на достоинството на нивните сограѓани, алудирајќи директно на овие две прашања. Македонското прашање никогаш не беше проблем со лесни аспекти, како што произлегува од различни детали. Генерално, различни извори проценуваат дека решение за името „Горна Македонија“ е она што е одбрано меѓу останатите 4 имиња што беа поставени на маса од Нимиц, пишува весникот и потсетува дека Атина преферира името да биде на македонски без превод на другите јазици. 

- „Слонот во собата“ во преговорите е ревизијата на Уставот на ПЈРМ – пишува новинарот користејќи ја англиската фраза за симболично да ја опише точката „Устав“ на која Атина, во последно време дава големо значење и покрај тоа што и двете страни добро знаат дека тоа „практично е невозможно да се случи врз база на денешните политички корелации во соседната земја“.