„Катимерини“: Грчката Влада претпазлива во однос на повиците за помош кон НАТО
Грција е во „стенд бај“ состојба додека НАТО се подготвува да дискутира за заедничкиот повик од Германија и Турција за вклучување на Алијансата во спречување на протокот на мигранти во Егејското Море.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, го тврди весникот „Катимерини“, додавајќи дека грчките власти не биле информирани за предлогот, за кој ќе се дискутира за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, факт кoj го потврдила и владината портпаролка Олга Геровасили.
- Претпазлива на турската самоувереност во Егејското Море, Атина ја прими иницијатива со претпазливост. Премиерот Алексис Ципрас и рекол на германската канцеларка Ангела Меркел дека каква било вмешаност во НАТО треба да биде ограничена на турскиот брег и да ја гарантира грчката сувереност. Грција се очекува да го повтори својот став и преку министерот за одбрана Панос Каменос на разговорите во Брисел, информира весникот.
Под притисок да направи повеќе со цел контрола на мигрантите кои доаѓаат од Турција, Грција денеска треба да добие рок од три месеци, по што ќе се соочи со исклучување од Шенген зоната.
Се очекува Европската комисија денеска да дискутира за ова прашање. На 10 март се очекува извештајот за напредокот во поставувањето на пунктовите за бегалците во Грција.
Извори на „Катимерини“ за весникот изјавиле дека Грција ќе биде подложена на проверки до мај, кога ќе бидат донесени конечни одлуки.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите