Балкан
23. February 2019 - 21:14

„Катимерини“: Филип Рикер нов помошник државен секретар на САД

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“, без притоа да е наведен изворот на информацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја презеде во март.