„Катимерини“: Ципрас треба да одлучи за датум за предвремени избори
Грчкиот премиер Алексис Ципрас се чини дека одлучил оти во Грција треба да се одржат предвремени избори, но се уште не донел одлука кога, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на свои извори.
Според весникот, Ципрас слуша совети од колеги во Владата кои препорачуваат изборите да се одржат во септември, како и од оние кои се за тоа предвремените избори да не се организираат пред октомври.
„Катимерини“ дознава дека една група советници му велат на премиерот да реагира брзо и да свика избори на 20 или најдоцна на 27 септември, за да може Владата да ја надмине внатрешната поделеност и несогласувања што се појавија во Сириза.
Другата група го советува Ципрас да не смета на избори пред 11 октомври со што Владата ќе има шанса да го спроведе новиот договор за финансиска помош со кредиторите, да изгради доверба со нив, а можеби и да заврши првата проценка на приспособување на земјата кон програмата.
- Јасно е дека има прашања со кои треба да се справиме. Ние не го негираме тоа, изјави владиниот портпарол Олга Геровасили.
- Tоа се прашања кои се поврзани со стабилноста на Владата и до кој степен е во позиција да обезбеди парламентарниот и владиниот процес да течат без проблеми, додаде таа.
Геровасили, исто така, ја нападна Левата платформа на Сириза откако нејзиниот лидер, поранешниот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, ја обвини Владата за сомнително однесување во донесувањето на новиот меморандум за разбирање со кредиторите и рече дека предлозите за „експресни избори се одраз на недемократски став“.
Портпаролката обвини Лефата платформа дека одлучила да ја „симне од власт Владата на левицата“.
Ново на Сител
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието