Македонија
4. October 2016 - 17:00

Катиќ: Словенија продолжува со поддршката за евро-атланските интеграции на Македонија

Соработката меѓу Словенија и Македонија во областа на одбраната е на многу високо ниво. Словенија дава силна поддршка за аспирациите на Македонија да стане членка на Северноатланската алијанса, и затоа за нас е особено важно што Словенија го даде новиот шеф на канцеларијата на НАТО во нашата земја, нагласи министерот Јолевски.

Македонија има особен придонес во справувањето со мигрантската криза, смета министерката Катиќ, потенцирајќи ја одличната соработка меѓу двете армии.

Словенечката министерка денеска оствари средба и со Премиерот  Емил Димитриев. Двете страни изразиле задоволство од билатералната соработка во областа на одбраната и безбедноста, а била поздравена иницијативата за воспоставувањето на балкански медицински наменски сили.

Министерката Катиќ оствари средба и со Претседателот Ѓорѓе Иванов. Македонскиот претседател изрази задоволство од интензивните контакти помеѓу министерствата, армиите и другите надлежни служби на двете земји, со цел превенција и менаџирање со мигрантската криза и преземање на заеднички мерки во услови на евентуален нов мигрантски  бран на Балканската рута.