Македонија
31. January 2016 - 17:22

Катица со закана за медиумите – Зврлевски без ниту една закана или тужба

Иако соочен со многу посериозни напади, притисоци и навреди од голем број медиуми, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски минатите месеци во ниту еден момент не се закани со тужби. Голем дел од македонскиот медимски простор со негативни реакции по заканите од страна на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека ќе поднесе тужби до медиумите кои ја објавија веста дека три лица од нејзиниот тим и еден полицаец заработиле кривични поради сомнение за малтретирање и незаконско влијаење врз сведоци.

Како пример кој покажува дека Зврлевски не се заканувал за многу посериозни работи, според медиумите е колумната на Ордановски во која тој жестоко го напаѓа јавниот обвинител, навредувајќи го за немање кредибилитет, неспособност и морално-политичка неподобност. Истите навреди на Ордановски продолжуваат и на лична основа.

-Затоа, препорачувам, да не ве залажуваат обесените мустаќи на Зврлевски по малите екрани, бидејќи тој е многу попромислен и поопасен од ликот на тажен, симпатичен Калимеро-„булдог“ што сака да го остави во јавноста, напиша Ордановски.

Директни навреди кон Зврлевски пристигнуваа и од опозцииската СДСМ, во низа партиски соопштенија и изјави на Заев.

-Го повикуваме господинот јавен обвинител Зврлевски да заборави на ромските балови и другите забави на кој другарувал со првите луѓе на власта, изјави Заев на прес-конференција.

Зврлевски постојано е мета на напади и разни омаловажувања од опозицијата, но државниот јавен обвинител за разлика од Катица Јанева иако имал реална основа сепак ниту еднаш не се заканил со тужба, велат медиумите. Според нив обидот за дискредитирање на Зврлевски од страна на опозициските медиуми отиде и доттаму што измислиле дека поранешна ТВ водителка станала негов соработник. На ваквите лаги и измислици не изостанаа ниту разни фотомонтажи. Сепак, Зврлевски и за овој случај не излезе со никакви закани за медиумите.

Јавноста ги памети отворените притисоци кон Зврлевски, и протестите пред ОЈО. Во јуни минатата година членови на ЛГБТ заедницата и опозициските активисти го прогласија Јавно обвинителство за мртво и положија венец пред вратите на оваа институција. Тие држеа транспаренти на кои беше испишано „Збогум Зврлевски”.