Македонија
15. July 2019 - 16:04

Катица Јанева поднесе оставка, не сака да биде пречка за иднината на СЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева си поднесе оставка. Според соопштението објавено на веб сајтот на СЈО оставката на Јанева ќе се активира тогаш кога ќе биде избран нејзиниот наследник

„ Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја.

Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник.  “ – стои во соопштението објавено на сајтот на СЈО

Оставката на Јанева доаѓа во време кога нејзиното заминување опозицијата го става како услов за продолжување на преговорите за новиот закон за јавното обвинителство кој треба да го воскресне СЈО и во речи си во истиот момент кога Премеирот Заев на прес конфернеција изрази подготвеност да разговара за нејзина смена.

Јанева на функцијата Специјален јавен обвинител дојде пред нешто помалку од 4 години. Во својот мандат отвори дваесетина предмети од кои доби 5 осудителни пресуди а еден предмет СЈО го загуби пред основниот суд. По пресуда за обвинение на СЈО во затвор во моментов е само едно лице.