Македонија
13. January 2016 - 16:12

Катица Јанева не направила записник за примените материјали од Заев

Катица Јанева не составила записник за материјалите кои Заев пред Нова Година му ги предаде на Специјалното обвинителство. Информацијата вчера во интервју ја потврди лидерот на СДСМ по 14 дена молк на Катица Јанева

Скандалот во кој Јанева го вплете Специјалното обвинителство денеска се нашол и пред Советот на јавни обвинители тело кое е надлежно да ја контролира нејзината работа. Од таму потврдуваат дека станува збор за пропуст кој ретко се гледа во работата на обвинителите и дека за него се дискутирало на денешната седница. Конечен став за овој скандал од Советот на јавни обвинители најавуваат во текот на наредната недела.

Обвинителите со кои контактираше Сител велат дека постапката на Јанева е надвор од законската процедура и невидена компромитација на целиот процес. Според нив, дури и студент на Правниот факултет не би си дозволил да преземе вакво дејство без при тоа да состави записник. Иако Јанева целата своја обвинителска кариера ја поминала застапувајќи обвиниенија за лесни кривични дела, обвинителите сметаат дека не станува збор за аматеризам и непознавање на кривичната постапка туку се сомневаат во срамна политичка манипулација и штитење на обвинетиот во случајот Пуч Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ пред нешто помалку од една година најави дека располага со 600.000 прислушувани разговори. Пред нешто помалку од половина месец, тој пред јавното обвинителство рече дека сите разговори кои ги имал му ги предал на Обвинитлството без да наведе конкретна бројка.

Две недели по оваа изјава на Заев Јанева се уште молчи. И додека медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС редовно добиваат изјави и информации од Специјалното обвинтиелство, Сител 14 дена не може да добие одговор колку прислушувани разговори доставил Заев

Експертите се сомневаат дека молкот на Јанева и пропустите во постапката доаѓаат во координација со СДСМ и нивната цел е да и обезбеди на опозицијата и натаму да може преку криминалци како Чаушот да тргува со незаконските снимки и отворено да ги уценува и да им се заканува на разни структури од македонскиот општествен живот.