Македонија
26. September 2016 - 20:01

Kатица Jанева на отчет: Пратениците прашуваат, Јанева не дава конкретни одговори

Катица Јанева не ги издржа прашањата на пратениците и ја напушти денешната седница на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Најави дека повеќе нема намера да присуствува на комисиската расправа, но ќе се појави на пленарна седница. Специјалната обвинителка не даде конкретен одговор ниту на прашањата на пратеничката Владанка Авировиќ, кој се располага со прислушуваните материјали со оглед на тоа што во јавноста се уште се објавуваат приватни разговори на граѓаните?

По ваквата неочекувана реакција на Јанева, засега е неизвесно дали собраниската комисја за политички систем следните денови ќе продолжи со работа. На оваа комисија треба да се разгледува и работата на Јавните обвинителства, по што двата извештаи ќе се најдат и на пленарна седница.