-->
-->
Катица Јанева: Јас сум се уште специјален јавен обвинител
-->
Во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почна распитот на шефицата на СЈО Катица Јанева. Пред почетокот на распитот Јанева во изјава за медиумите рече дека таа се уште е специјален обвинител и дека нејзиното обвинителство има целосна надлежност над предметите кои ги води.
"Верувам дека мојот исказ денес ќе помогне во расчистување на целиот случај".
На распитот пред обвинителката Рускоска, шефицата на СЈО влезе со адвокат.
Распитот на Јанева следи 10тина дена откако јавноста го слушна нејзинот глас во аудио снимките кои ги објавија италијанските медиуми поврзани со случајот Рекет. Исказ досега дадоа и специјалните обвинители Бурим Рустеми, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и шефицата на кабинетот на Јанева.
Деспина Тодоровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати
-
Лидерите на ЕУ повикаа на борба против дезинформациите, манипулациите и странското мешање во изборните процеси
-
Сообраќајот по влажни коловози, одрон на патот Берово - Будинарци
-
Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово