Македонија
10. May 2021 - 20:03

Катица јанева и Боки-13 бараат поништување на пресудата за „Рекет“

Катица Јанева и Боки 13, бараат Апелациониот суд да ги ослободи од вина. Во своите жалби кои денеска ги презентираа пред повисокиот суд, наведоа дека немале фер судење. Според нивните адвокати, случајот „Рекет“ не докажал кој ги зел парите од бизнисменот Камчев, а немало ниту докази дали дел од парите завршиле кај поранешната специјална обвинителка. Одбраната побара укинување на пресудата.

Казните затвор од 7 и 9 години за Јанева и Боки 13, според Обвинителството не биле доволни да се постигне целта на казнувањето. Вишиот обвинител предложи зголемување на затворски казни.

Во судницата, денеска не се појави екс специјалната обвинителка. Поради влошена здравствена состојба престојувала во Гевгелија.

Во следните неколку месеци Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали ќе ја потврди пресудата за Рекет, ќе побара повторено судење или ќе ги зголеми казните за Јанева и Јовановски.