Македонија
26. September 2019 - 18:16

Катица Јанева ги прегледува доказите за Рекет

Екс шефицата на СЈО дозна што за неа кажале на распит нејзните помошници обвинителити.

Катица Јанева три часа правеше увид во доказите со кои обвинителството ја сомничи за злоупотреба на службената положба.

Поради правила на истражниот затвор каде е сместена, Јанева замина час и половина порано, анализата на доказите ја продолжија само нејзните адвокати..

Одбраната на Јанева вели дека не ги погледнале доказите кои произлегуваат од ПИМ мерките бидејќи тие се уште се обработувале.

Ниту на Јанева не и бил презентиран исказот на Зоран Милевски Кичеец.

И одбраната на Јанева најави дека и следните денови ќе го продолжи увидот во доказите кои обвинителството ги поседува за случајот Рекет.

Истото вчера го најави и адвокатот на Боки 13. Одбраната на Јанева и Јовановски најави дека својата одбрана пред обвинителката Вилма Русковска ќе ја дадат откако ќе завршат со увид во доказните материјали.