Македонија
14. December 2015 - 16:18

Катица Јанева ги побара прислушуваните разговори од Заев

Специјалното обвинителство се прогласи за надлежно за предметот “Пуч“, во кој четврто обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев - соопштуваат од тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителството на Јанева од јавното обвинителство презеде уште 34 други предмети за кои сметаат дека произлегуваат од незаконското прислушување. Од овие 34 предмети, 16 се поврзани со изборни нерегуларности, а за два предмети обвинителството на Јанева се програлисло за ненадлежно.

Според Законот, Заев до крајот на претходниот месец требаше да ги достави сите 600,000 прислушувани разговори кои ги поседува. Рокот е пробиен цели 14 дена, но место да побара кривична одговорност од опозицискиот лидер, специјалното обвинителство дури денес побара тој да и ги достави разговорите.

“Во текот на денешниот ден од лидерот на политичката партија СДСМ ќе биде побарано доставување на материјалите од незаконски следените комуникации, а кои ги поседуваат и за кои изразија подготвеност дека ќе ги достават на наше барање.“, стои во соопштението на Специјалното Обвинителство.

Во “Пуч“ кој од денес е во рацете на Јанева, веќе има една пресуда за вработен во МВР кој беше осуден на 3 години затвор. Покрај Заев за шпиунирање и насилство врз институциите се теретат и Зоран Верушевски, неговата сопруга, вработениот во општина струмица Бранко Палифров и вработениот во МВР Ѓорѓи Лазаревски.

Од обвинителството наЈјанева информираат дека од нив било побарано да ги преземат и случаите “Ровер“, “Монструм“ и “Диво Насеље“, но неможат да донесат одлука за надлежност затоа што сеуште ги немаат добиено прислушуваните разговори.

Медиумите деновиве пишуваа за агендата на Јанева. Неделникот Фокус, повикувајќи се на извори од нејзиното обвинителство, објави дека главната цел на Јанева ќе биде рушење на митот за власта во предизборни цели во корист на СДСМ. Ваквите тврдења не беа демантирани од Катица Јанева и нејзините соработници.