Свет
24. March 2019 - 14:56

Катастрофата во Мозамбик се гледа од Вселената: Циклонот Идај однесе 446 жртви, трупови пловат по водата, исчезнаа цели градови

Бројот на жртвите од катастрофалниот циклон кој го погоди Мозамбик се зголеми од 417 на 446, соопшти денеска министерот за екологија на таа земја Целсо Кореја, додавајќи дека 531.000 луѓе се загрозени од оваа катастрофа.

Циклонот Идаи најтешко го погоди пристаништето Беира, а ветровите достигнаа брзина од 170 километри на час, за потоа да премине во Зимбабве и Малави, уривајќи се пред себе и загрозувајќи милиони луѓе.

Европската вселенска агенција објави фотографија која ги покажува неверојатните размери на поплавите во Мозабик.

Милиони луѓе во Мозамбик, Малави и Зембабве се борат со последиците на можеби, најлошата бура на јужната Земјина хемисфера - циклонот Идај, се наведува во описот а фотографијата објавена на сајтот на Европската вселенска агенција.