Свет
24. August 2016 - 17:12

Катастрофален земјотрес ја погоди централна Италија. Половина град урнат - Најмалку 38 жртви

Десетици загинати, стотина исчезнати, голем број повредени и илјадници кои останаа без дом. Три и пол часа по полноќ земјотресот со јачина од 6.2 степени по рихтер кој ја погоди централна Италија срамни со земја три туристички центри. Аматриче е град на урнатини, а големи се штетите и во Пескара и Акумолија.

Повиците за помош од под урнатините и плачот на оние кои ги изгубиле најблиските сведочат за ужасот во Италија. 

За властите во земјата приоритет е потрагата по преживеани. Време е да тагуваме, но и да мислиме на оние на кои им е потребна нашата помош.

Првиот земјотрес бил почуствуван еден час по полноќ, а изминатата ноќ во најпогодениот реон во централна Италија имало над 60 потреси. Италија е една од најактивните сеизмички земји во Европа. Последниот голем земјотрес беше во 2009та кога загинаа повеќе од 300 луге. Во Италија од почетокот на 20 век загинале најмалку 120.000 жители. Најсилниот земјотрес кој бил забележан во историјата е во 1908 година во Месина, вториот најголем сицилијански град во кој животот го загубиле 82,000 луѓе.

Сочуство до италијанските власти веќе упатија рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Меркел, Оланд, Нетанјаху и челониите на ЕУ од Брисел кои понудија и помош за Италија.