Свет
11. July 2019 - 22:34

Катастрофа во Мексико: Одрон однесе 6 животи

Најмалку шест лица настрадаа во одрон во централниот дел од Мексико, соопштија официјални лица од итната служба.

Канцеларијата за цивилна одбрана соопшти дека во градот Пуебла 11 лица имале напад на паника поради синоќешниот одрон во Санто Томас Чаутли, во предградието на Пуебла, пренесе АП.

Канцеларијата ја исклучи можноста да има уште жртви.