Свет
1. December 2017 - 10:31

Катастрофа што може да се случи пред време

Поради се почестите ерупции вулканите претставуваат многу поголема закана за човештвото отколку што претходно се мислеше, предупредуваат британските научници.

Истражувачите од Универзитетот во Бристол ја анализирале вулканската активност во претходните 100.000 години и изработија хронологија на суперерупции, кои би можеле да произведат околу 1.000 гигатони лава.

Вулканот Јелоустон во Вајоминг во САД е означен како супервулкан чија ерупција би можела во целост да ја промени постојната клима на Земјата. 

Во студијата се посочува дека катастрофални ерупции се случуваат на секои 17.000 години.

- Во претходната анализа од 2004 година пишуваше дека вакви ерупции се случуваат на секои 45.000 или повеќе години. Сега многу тоа е сменето, истакна еден од истражувачите Џонатан Руџер.

Последните две суперерупции беа пред 30.000 и пред 20.000 години.

- Имавме среќа што не се случила ниту една ерупција оттогаш. Но, природата не е секогаш прецизна, затоа мораме да бидеме внимателни бидејќи се уште постои заканата, наведува Руџер.

Уште во 2014 година американските научници предупредија дека вукланот во Јелоустон „клокоти“, а во случај на негова ерупција градовите во радиус од околу 500 километри би биле прекриени со пепел од 30 до 40 сантиметри.