Македонија
22. December 2015 - 12:57

Катастарот ја поддржува акцијата на Финансиската полиција

Агенцијата за катастар на недвижности ја поддржува денешната акција на Финансиската полиција во која беа уапсени 19 лица меѓу кои актуелни и поранешни вработени во Катастарот.

Во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности посочуваат дека Секторот за внатрешна контрола при вршење редовна контрола на предметите во Центарот за катастар на недвижности-Скопје откри можни злоупотреби на службената положба и овластување  од страна на одделни вработени, за што веднаш е информирана Финансиската полиција на Република Македонија.

- Еден од врвните приоритети на Агенцијата за катастар на недвижности е борбата против корупцијата и криминалот, како и заштитата на имотот на граѓаните, правните лица и имотот на Република Македонија, наведуваат од Агенцијата и додаваат дека ќе продолжат со градење на капацитетите и системите со цел спречување, откривање и сузбивање на незаконските дејства, како и нулта толерација за криминал и корупција.скс/паг/12:51