Свет
10. April 2018 - 14:40

Катарска инвестиција во американските наоѓалишта на природен гас

 - Американскиот нафтен гигант Ексон Мобил е во преговори со арапската држава Катар за можна катарска инвестиција во американските наоѓалишта на природен гас.

Според весникот „Вол Стрит Џурнал“, Катар Петролеум, државната нафтена компанија на Катар, разгледува можност да инвестира во производство на природен гас од нафтените полиња на Западен Тексас, до Северна Дакота. Се работи пред се за производство на гас од нафтени шкрилци.