Свет
5. јуни 2017 - 11:24

Катар жали поради координираната одлука на залвиските држави

Катар денеска соопшти дека жали поради координираната одлука на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да ги прекинат дипломатските односи со таа земја, поради наводните обвинувања дека оваа држава го поддржува тероризмот, јави Ал Џазира. 

- Тие мерки се неоправдани и засновани на тврдењата и обвиненија, кои не се базираат на факти, изјави катарскиот министер за надворешни работи. 

Катар соопшти дека таа одлука нема да влијае врз нормалниот живот на граѓаните на таа земја.