Свет
10. November 2017 - 8:27

Катар првпат именуваше жени во Советодавниот совет

Катар првпат во својата историја именуваше жени во Советодавниот совет. Со указ на емирот Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, вкупно четири жени ќе бидат именувани во Советот, кој е своевиден парламент.

Државната новинска агенција на Катар соопшти дека емирот именувал вкупно 28 нови членови на Советот. Потегот доаѓа во време кога Катар е соочен со дипломатско и трговско ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Како што јави, политички превирања се случуваат и во Саудиска Арабија, каде паралелно со апсењето на десетици принцови и поранешни и сегашни министри од страна на принцот Мухамед бин Салман, беше олеснета забраната за жените да возат.