Loading Video...
Свет
7. јуни 2017 - 18:38

Катар целосно изолиран, состојбата во арапскиот свет добива драматични димензии

Една по една земја од муслимаскиот свет ги прекинуваат однсоите со КАТАР. Изолацијата на оваа земја започна  две недели откако Трамп ја посети Саудиска Арабија и побара од исламските земи да се приклучат на борбата против тероризмот. Диполматските односи со КАтар ги прекинаа Бахреин, Египет,  Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јемен Либија и Малдивиите.  Тие  го обвинуваат властите во Доха дека ги подржува терористичките мрежи на АЛ КАеда,   ИСИС и Муслиманското Братство. Аналитичарите зад изолацијата на Катар ја гледаат мокната рака на Саудиска Арабија која е близок  сојузник на САД.

На ваква хајка против Катар, јавно се спротивстави Турција. На Ердоган не му се допагаат лидерските амбиции на   Саудиска Арабија  во  регионот,  ниту пак му се допага  тоа што САД интензивно ги вооружуваат  сириските курди.

И додека аналитичарите посочуваат дека зад актуелната криза стојат инетерсите на гоемите сили  за превласт врз нафтата, патната инфрастуктура  и оружјето во регионот , Си Ен Ен за  целата ситуација ги обвини руските хакери, кои наводно на  веб страницата на државната катарска агенција подметнале лажна  вест во која катарскиот емир   ги фали Иран и Хамас. Од Доха подоцна ги демантираа овие информации, но Ријад и Вашингтон веке ја започнаа кампањата против Катар. Москва веднаш возврати дека всушност  СНН фабрикува вести. Арапскиот печат во мегувреме интензивно најавува можна посета на Путин на Катар, па дури и на Саудиска Арабија.

Експерите  се согласуваат велат дека на повидок се нови воени  сојузи на блискиот исток. Катар отсекогаш со симпатии гледал на Иран, со кој дели  поле со огромни  резерви на природен гас. Тука е  уште неразрешената Сирија и Јемен, и челбата на Саудиска Арабија да доминира во регионот.