Свет
20. May 2017 - 12:21

Каталонскиот премиер повикан да го презентира барањето за независност пред Парламентот во Мадрид

Шпанската Влада го повика каталонскиот премиер Карлес Пучдемон да им се обрати на пратениците во Парламентот на Шпанија и да им го претстави предлогот за одржување референдум за незавооста на Каталонија, јави ТАСС.

Шпанската вицепремиерка Сораја Саенс де Сантамарија Антон ја упати поканата до Пучдемон, како реакција на неговите поплаки дека Владата во Мадрид одбива да го разгледа барањето за референдум за создавање „независна држава Каталонија“.

- Го покануваме Пучдемон да говори пред Парламентот, бидејќи прашања од таков карактер треба да се разгледуваат токму таму, затоа што со нив се загозува територијалната целовитост на Шпанија и би биле потребни промени на Уставот, изјави Сантамарија Антон. 

Претходно беше најавено дека Пучдемон на 22 мај ќе има обраќање во зградата на Градската управа на Мадрид, каде ќе го презентира барањето на каталонската Влада за одржување референдум за независност на Каталонија.

На 6 октомври мината година каталонскиот Парламент усвои разолуција со која се бара најдоцна до септември годинава да се одржи референдум за независност на Каталонија.

На ова реагираше Уставниот суд на Шпанија кој резолуцијата на каталонскиот Парламнет ја прогласи за проивуставна.