Каталонски партии бараат парламентот в понеделник да расправа за независноста
Каталонските партии Сојуз „Заедно за ДА“ и радикалната левичарска партија ЦУП побараа денеска од парламентот да закаже в понеделник седница на која ќе се расправа, а можеби и прогласи независност на автономната област од Шпанија, пишува весникот „Вангуардиа“.
Лидерот Карлес Пучдемон изјави синоќа дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови, а владата ќе „дејствува на крајот од оваа или почетокот на следната недела“.
Исто така, тој додаде дека засега нема контакти меѓу неговата администрација и централната влада во Мадрид.
Каталонскиот лидер вечерва во 21 часот ќе и се обрати на јавноста, истакна претставник на регионалната влада.
За тоа кога ќе се одржи седницата на парламентот за резултатите од референдумот за независност на Каталонија ќе се одлучува денеска на состанок на претседателството на парламентот. На таа седница би можело да се прогласи и независност.
Имајќи предвид дека референдумот според шпанските закони е „неуставен“, прогласувањето независност нема да има никакви правни последици и е малку веројатно дека ќе биде признат во меѓународни рамки.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани