Свет
4. July 2017 - 14:57

Каталонија веднаш ќе прогласи независност ако успее референдумот

Каталонија ќе прогласи „веднаш“ независност ако мнозинство граѓани од тој шпански регион се изјаснат позотивно на референдум за независност, соопшти каталонската владејачка коалиција.

– Доколку мнозинството избирачи се изјаснат за каталонска република, очигледно независноста мора веднаш да биде прогласена, изјави Габриела Сера, пратеник во регионалниот парламент од сепаратистичката Кандидатура за народно единство.

Таа ја даде изјавата при претставување закон според кој ќе биде организиран референдумот.