Loading Video...
Свет
20. December 2017 - 16:40

Каталонците утре гласаат на предвремни регионлни избори

Каталонците утре гласаат на предвремни регионални избори.  Анкетите предвидуваат дека ниту партиите кои се залагаат за независност, ниту оние кои се  за единство на Шпанија, нема да успеат да обезбедат мнозинство гласови.

Изборите не се прашање на политички бои или луѓе, туку се прашања на чест порача од Брисел  екс каталонскиот лидер Пуџдемон кој го застапува ставот – отцепување на регионот од Шпанија.

Пуџдемон  пребега во Брисел откако Мадрид  ја распушти каталонската влада и Парламент, распиша нови избори  и покрена обвиненија за  бунт против  него и неговиот тим  поради  едностраното прогласување  независност на регионот.