Фудбал
14. January 2017 - 18:44

Каталонците го прегазија Лас Палмас

Фудбалерите на Барселона одиграа уште еден одличен меч и славеа убедливо против Лас Палмас со 5-0 во викенд колото од Примера. 

Иако без неколку стандардни првотимци домаќинот доминираше и уште во 14 минута Суарез обезбеди 1-0. 

Серијата продолжи во вториот дел преку Меси, повторно Суарез, потоа Туран и Видал кој го постигна својот првенец во дресот на Каталонците.