Катаклизма: Бурата однесе 25 животи во Америка, оди кон Њу Орлеанс, градот веќе евакуиран
Властите од Њу Орлеанс евакуираа некои граѓани пред налетот на тропската бура Нејт која веќе однесе 25 животи во Централна Америка.
Нејт би требало да стане ураган од прва категоријам додека да удри во американскиот брег од Мексиканскиот залив, а евакуирани се и граѓаните кои живеат надвор од заштитните бедеми.
-Нејт е на нашиот праг или наскоро ќе биде, рече градоначаникот на Њу Орлеанс Мич Ландри.
Најголема закана од оваа бура не е дождот, туку силните ветрови и бурните налети од 1,8 до 2,7 метри, рече градоначалникот.
-Го поминавме ова многу пати. Нема места за паника, рече Ландри.
Тропската бура Нејт однесе најмалку 25 животи во Централна Америка додека илјадници луѓе се раселени поради обилните врнежи, при што се откорнати и дрвја, а патиштата се претворени во реки.
Најмногу жртви имаше во Никарагва, каде загинаа 11 лица, а 7 се водат за исчезнати.
Околу 800 луѓе се евакуирани, 600 домови поплавени, а 14 заедници се изолирани поради дождовите кои без престан паѓаат со денови.
Од Костарика соопштија дека 8 лица загинаа во свлечиштата и поради паднати дрва, меѓу кои е и тригодишно девојче и двајца фармери од Никарагва. Најмалку 17 лица се водат за исчезнати.
Костарика прогласи вонредна состојба, а повеќе од 5000 луѓе се наоѓаат во засолништа откако беа принудени да ги напуштат своите домови. Издадено е и предупредување за можни залутани крокодили. Некои платформи за вадење нафта и гас во Мексиканскиот залив исто така се евакуирани пред налетот на бурата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок