Свет
10. August 2017 - 19:03

Кастро до Мадуро: Венецуела никгоаш нема да биде сама

Кубанскиот претседател Раул Кастро, во име на кубанскиот народ, им  ја честиташе на Венецуелците победата на изборите и формирање на уставотворно собрание и повтори дека Венецуела, како ни до сега ,никогаш нема да биде осамена и дека може да смета на народот на Куба.

Во писмото упатено до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, Кастро наведе дека со „длабока револуционерна радост дознал за исходот од изборите и формирањето на Националното уставотворно Собрание, пренесува Танјуг.

-  Надвор од секое сомнение, овој политички успех е голема лекција која ја претвори Венецуела во значаен симбол на нашиот континент, како што  Фидел (Кастро) објасни во неговата кристално чиста визија. Луѓето зборуваат гласно и јасно дека ќе останат верни на наследството на Симон Боливар и претседателот Уго Чавез, напиша Кастро во писмото.

Според неговите зборови, искуството покажало дека „кој било терористички чин го зголемува моралот на народот, секоја агресија ги прави посилни, а секој удар го зајакнува единството“.

- Сигурно, денови на тешка борба, меѓународно малтретирање, блокади, сиромаштија е пред вас, но ќе има и денови на создавање и работа за револуционерите и целокупниот народ на Венецуела, истакна Кастро во писмото.