Кастро до Мадуро: Венецуела никгоаш нема да биде сама
Кубанскиот претседател Раул Кастро, во име на кубанскиот народ, им ја честиташе на Венецуелците победата на изборите и формирање на уставотворно собрание и повтори дека Венецуела, како ни до сега ,никогаш нема да биде осамена и дека може да смета на народот на Куба.
Во писмото упатено до претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, Кастро наведе дека со „длабока револуционерна радост дознал за исходот од изборите и формирањето на Националното уставотворно Собрание, пренесува Танјуг.
- Надвор од секое сомнение, овој политички успех е голема лекција која ја претвори Венецуела во значаен симбол на нашиот континент, како што Фидел (Кастро) објасни во неговата кристално чиста визија. Луѓето зборуваат гласно и јасно дека ќе останат верни на наследството на Симон Боливар и претседателот Уго Чавез, напиша Кастро во писмото.
Според неговите зборови, искуството покажало дека „кој било терористички чин го зголемува моралот на народот, секоја агресија ги прави посилни, а секој удар го зајакнува единството“.
- Сигурно, денови на тешка борба, меѓународно малтретирање, блокади, сиромаштија е пред вас, но ќе има и денови на создавање и работа за револуционерите и целокупниот народ на Венецуела, истакна Кастро во писмото.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024