Loading Video...
Фудбал
15. December 2018 - 17:07

Кашима против Реал во 1/2 финалето на Светското клупско првенство

Екипата на Кашима се пласира во полуфиналето на Светското клупско фудбалско првенство што се одржува во Обединетите Арапски Емирати. 
 
Јапонскиот тим во четвртфиналниот меч број еден за денеска го совлада мексиканскиот состав на Гвадалахара со 3-2.
 
Иако шампионот на КОНКАКАФ поведе уште во третата минута со голот на Залдивар, сепак во вториот дел азискиот првак направи комплетен резултатски пресврт. Со головите на Нагаки (49.минута), Сержињо од пенал (69) и Абе (84) ја најави победата, која благодарение на автоголот на Леонардо (90+6) како и промашениот пенал на не беше поубедлива. 
 
Така Кашима во полуфиналето за противник ќе го има актуелниот европски шампион и бранител на трофејот во светскиот куп мадридски Реал. 
 
Во второто полуфинале ќе играат јужноамериканскиот шампион Ривер Плата и победникот од четвртфиналниот меч меѓу домаќинот Ал Аин и африканскиот првак Есперанс Тунис