Фудбал
17. February 2017 - 9:55

Касерес го засили Саутемптон

 Уругвајскиот одбранбен фудбалер Мартин Касерес потпиша за премиерлигашот Саутемптон каде ќе настапува до крајот на сезоната, објави англискиот тим.
 
Касерес во Саутемптон доаѓа како слободен играч, бидејќи остана без ангажман по крајот на минатата сезона кога заврши со обврските кон Јувентус.
 
29-годишниот Касерес е поранешен член на Барселона, Севиља, а од шпанските екипи настапувал и за Виљареал, Рекреативо.
 
Во дресот на Уругвај досега има одиграно 68 натпревари и постигнато три гола.